Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп го испофали Путин на безбедносен форум

Трамп го испофали Путин на безбедносен форум
Претседателскиот кандидат Доналд Трамп на безбедносниот форум кој се одржа во Њујорк упати серија на пофални зборови на адреса на рускиот претседател Владимир Путин нарекувајќи го вистински лидер и дека тој има поголеми заслуги дури и од Барак Обама.
„Во систем каков што има Русија, Путин се покажа како одличен и неприкосновен лидер. За разлика од него Обама не може да се пофали дека е лидер, имаме поделена нација“, изјави Трамп.
Запрашан за агресијата која Путин ја покажува на меѓународна сцена Трамп возврати дека не ни сака да зборува за работите кои пак, Обама ги прави во исто време, односно дека одредена реалност мора да се прифати. Исто така Трамп е задоволен што и самиот Путин во повеќе наврати го пофалил за брилијантното водење на кампањата и дека тоа го сфаќа како голем комплимент. На истиот настан Хилари држеше сосема спротивни ставови, особено против начинот на кој Русија се вклучи во војната во Сирија.
Слично

Поврзани вести