Трамп го брани американскиот проповедник уапсен во Турција
Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на Ендрју Бренсон кој во јули 2016 година беше уапсен од турските власти во акцијата за пронаоѓање на сите можни учесници во обидот за воен пуч против власта на претседателот Реџеп Таип Ердоган при што имаше над 200 жртви.
Трамп вели дека Бренсон не е шпион како што се сомневаат турските власти, дека е добар човек и добар христијанин и на никаков начин не е поврзан со наводната терористичка организација „ФЕТО“ за која Турција се сомнева дека го организирала јулскиот пуч.
Бренсон беше уапсен во Измир каде вршел проповеди за протестантската црква под сомнежи дека соработувал со Фетула Ѓулен кој е во егзил во САД и за кого Турција врши притисок да биде екстрадиран.
