Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп ги шокира Данците со мистериозен пост - тврди дека испратил помош на Гренланд

Трамп ги шокира Данците со мистериозен пост - тврди дека испратил помош на Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата на својата социјална мрежа Truth изјави дека соработува со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за испраќање болнички брод на Гренланд, данска територија што Трамп сака да ја купи. 

Тој го објави планот преку социјалните медиуми непосредно пред да организира вечера за гувернерите од Редовната забава во Белата куќа, каде што разговараше со Ландри.

„Во соработка со фантастичниот гувернер на Луизијана, Џеф Ландри, испраќаме голем болнички брод на Гренланд за да се грижиме за многуте луѓе кои се болни и не се згрижени таму. Бродот е на пат!!!“, стои во објавата на Трамп каде е споделена и фотографија креирана од вештачката интелигенција.


Ниту Белата куќа, ниту канцеларијата на Ландри не одговорија на прашањата за објавувањето, пишува Ројтерс. Не е познато дали бродот го побарале Данска или Гренланд, и кои се овие болни луѓе на кои, како што тврди Трамп, им е потребна помош. Министерството за одбрана исто така не коментираше за целата ситуација.

Утрово, откако објавата се прошири низ светските медиуми се огалси и данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен, којизјави дека Данска немала сознанија дека болнички брод е на пат кон Гренланд.

Во исто време, тој нагласи дека жителите на Гренланд ја добиваат целата потребна здравствена заштита.

„Нема потреба од посебна здравствена интервенција на Гренланд. Владата на Гренланд денес веќе се грижи за тоа, а Данска би интервенирала доколку има потреба од тоа“, порача министерот.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека заедно со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, договорил да се испрати болнички брод во Гренланд, данска територија за која постојано повторува дека сака да ја анектира кон САД. 

Најавата на Трамп дојде неколку часа откако данската Арктичка команда соопшти дека е евакуиран член на екипажот на американска подморница, кој побарал итна медицинска помош, седум наутички милји од главниот град на Гренланд, Нук.

Не е сосема јасно каква врска има гувернерот Ландри со случајот. Американската морнарица има два болнички брода, „Мерси“ и „Комфорт“, но ниту еден не е стациониран во Луизијана.

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести