ТРАМП ГИ ПРОЗВА СОЈУЗНИЦИТЕ: Европа да си ги земе терористите од Сирија и да им суди
-Калифатот е подготвен да нападне-напиша на твитер Доналд Трамп, пренесе Ројтерс.
Претседателот на САД соопшти дека Америка од европските сојузници бара да „прими назад повеќе од 800“ борци од Исламската држава заробени во Сирија и да ги изведе пред суд.
-Алтернативата не е добра бидејќи во спротивно ќе бидеме приморани да ги ослободиме-додал Трамп.
-Америка не сака да ги види борците на ИСИС како ја преплавуваат Европа, а се очекува таму да заминат-нагласил Трамп.
-Многу работиме и толку многу трошиме, време е и други да ја преземат работата за која се способни. Се повлекуваме по стопроцентната победа над калифатот-порача Трамп.
Неговите твитер пораки доаѓаат во време кога потпретседателот Мајк Пенс ги повика останатите сојузници да преземат иницијатива во Сирија откако се повлекуваат американските војници.
