ТРАМП ГИ ПРЕДУПРЕДИ КОМПАНИИТЕ: Ако го преселите бизнисот ќе зажалите!
Новиот американски претседател на САД Доналд Трамп ги предупреди денес американските компании дека ќе се соочат со последици доколку го префрлат бизнисот надвор од земјата.
„Компаниите нема веќе да ја напуштаат земјата без последици“, рекол тој.
Тој сепак не прецизирал за какви последици се работи, но во текот на кампањата споменал дека неговата администрација ќе го зголеми данокот за 35 отсто за увоз на стока од американски компании кои ги префрлиле бизнисите во странство.
Трамп во Индијанополис започна „турнеја на благодарноста“ во рамки на која прво ќе ја посети Индијана.
Слично
