Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп ги повика демонстрантите да си заминат, Бајден порача дека демократијата е нападната - прогласен е и полициски час

Трамп ги повика демонстрантите да си заминат, Бајден порача дека демократијата е нападната - прогласен е и полициски час

Градоначалникот на Вашингтон прогласи полициски час, а полицијата почна акција за растерување на демонстрантите од плоштадот Капитол каде се наоѓа Конгресот.

Полицијата е во полна опрема, а користи солзавец. На Капитол доаѓаат и борбени полициски возила.

Претходно, претседателот на САД, Доналд Трамп, преку видео порака на Твитер ги повика неговите приврзаници кои упаднаа во Капитол Хил да заминат дома, повторувајќи го тврдењето дека „изборите се украдени и дека сите се свесни за тоа“.

„Знам дека ве боли, имавме избори кои ни беа украдени и тоа сите го знаат, но сега мора да заминете во своите домови. Мора да имаме мир, да имаме ред и закон. Не сакаме никој да биде повреден. Ве сакаме, посебни сте, видовте што се случува“, порача Трамп. 

Ваквата порака од Трамп доаѓа по ескалацијата на судирите во главниот град Вашингтон, откако според првичните неофицијалните резулати двете сенаторски места во Xorрџија, кои се клучни за тоа кој ќе го контролира Сенатот, ги освоија демократите. 

Твитер веднаш забрани споделување, коментирање и допаѓање на неговата објава.

Апелот на Трамп доаѓа неполн час откако претходно на јавноста и се обрати новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, кој повика хаосот да запре.

Toj го повика претседателот Доналд Трамп да се појави на национална телевизија и да ја исполни дадената заклетва – да го брани Уставот и да прекине оваа опсада.

„Овие хаотични сцени не се одлика на вистинска Америка, Во овој момент, нашата демократија е нападната, се случи напад врз тврдината на слободата – Капитол Хил, напад врз претставници на народот и јавни службеници, полицајци чија работа е да го штитат народот“, рече Бајден, посочувајќи дека станува збор за мала група екстремисти кои упаднале во Капитол Хил.

Претходни, полицијата се распореди околу зградата на Капитол не дозволувајќи на демонстрантите да се доближат до зградата. Целата зграда е обиколена и од Националната гарда, агентите на ФБИ и Тајната служба. Внатре во Капитол неколку простории се целосно демолирани, вклучувајќи ја и сенатската сала за заседанија, каде траеше постапката за верификација на изборите.

Потпретедателот МајкПенс претседаваше со седницата која беше прекината, а од безбедносни причини на сенаторите им биле укажано да останат во салата. Но, откако демонстрантите насилно упаднаа и го пробија полицискиот кордон, сите конгресмени беа експресно евакуирани од зградата, а неколку минути потоа, демонстрантите упаднаа во салата.

Во моментот, ситуацијата е смирена, иако демонстрантите не се повлекуваат. Неколку полицајци се повредени вклучувајќи и една жена која е застрелана при упадот во Капитол. Демонстрантите се обидоа да се доближат од западната страна, но и таму наидоа на силен полициски кордон.

На социјалните мрежи масовно се ширеа видео снимки од упадот во зградата. Најмалку една експлозивна направа била пронајдена во близина на Капитол за време на демонстрациите на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп.

Демонстрантите веќе слегуваат од скалите на Капитол. Најмалку една експлозивна направа била пронајдена во близина на Капитол за време на демонстрациите на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп.

Слично

Поврзани вести