Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп ги плаши светските лидери, Обама на самитот на Г7 го критикуваше мултимилијардерот

Трамп ги плаши светските лидери, Обама на самитот на Г7 го критикуваше мултимилијардерот

Лидерите на самитот Г7 се потресени од изјавите на Доналд Трамп и имаат многу причини за тоа, рекол Барак Обама на маргините на самитот кој вчера почна во Јапонија.

Фактот дека Трамп освоил доволно број на делегати потребни за номинација на конвенцијата на Републиканската партија и дека, доколку нема прегласување, ќе биде кандидат на таа партија на изборите за претседател на САД, ги потресе лидерите на седум водечки индустриски земји и ги оставила во дилема колку сериозно можат да ги сфатат најавите на политиката која би ја водел како прв човек на САД. Актуелниот претседател, кој токму Трамп би можел да го наследи, рекол на маргините на самитот во Токио дека нивната загриженост е целосно оправдана.

-Тие се потресени од неговите изјави и со причина бидејќи многу од тие предлози покажуваат или непознавање на светските прашања или ароганција или желба да добие реакција на Твитер и во медиумските наслови-вели Обама.

Најголемата бегалска и мигрантска криза во Европа од Втората светска војна е проблем од светски размери и треба да го решаваме солидарно, оценија денес лидерите на крајот на дводневниот самит во Јапонија.

Тие се обврзаа дека ќе ја зголемат краткорочната и долгорочната помош за бегалците и раселените , се наведува во декларацијата.

Претставници на САД, Велика Британија, Франција, Јапонија, Италија, Кадана, и Германија не наведуваат паричен износ на таа помош.

Лидерите на Г7 исто така објавија и акционен план за борба против екстремистичкото насилство за да би помогнале да се затворат „критичните дупки“ во оперативниот капацитет и меѓународна соработка.

Слично

Поврзани вести