ТРАМП ГИ НАЛУТИ ДАНЦИТЕ: Бојкотираат американски пијалак
Данците ја бојкотираат Кока-Кола и се свртуваат кон домашните брендови газирани пијалаци. Тие се незадоволни од политиките на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на островот Гренланд.
„Продажбата на Кока-Кола малку се намали во Данска. Постои одреден бојкот на американските брендови и тоа е единствениот пазар каде што го забележуваме тоа во голема мера“, изјави извршниот директор на Карлсберг, Јакоб Аруп-Андерсен.
Данците се лути поради идејата на Трамп да го спои Гренланд.
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс ја обвини Данска дека „не е добар сојузник“, и покрај фактот дека данските војници се бореле заедно со американските сили во Авганистан, претрпувајќи загуби споредливи со оние на Американците во однос на нивната популација, објави „Фајненшл тајмс“. Но, и жителите на Гренланд не сакаат да бидат дел од САД.
Претходно поради заострени односи со Канада, и канаѓаните ги тргнаа од рафовите американските пијалаци. Трамп говореше за припојување на Канада со САД и тоа ги налути тамошните жители.
foto Facebook/Donald J.Trump
