Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп е во право за Гренланд, вели Руте

Трамп е во право за Гренланд, вели Руте

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и Гренланд за иднината на островот. Како што кажа фокус е ограничувањето на влијанието на Русија и Кина на Арктикот.

Тој оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп е во право за ризиците во регионот и нагласи дека НАТО треба да има посилна улога, вклучително и преку иницијативата „Арктички стражар“.

Според Данска, Трамп не се откажува од идејата за Гренланд, која повторно предизвика тензии во рамки на НАТО.

Трамп вели дека островот им е потребен на САД од безбедносни причини. Тој дури понуди опција да го купи островот. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести