Трамп е крив, ама нема врска со упадот во Капитол
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е ослободен од обвиненијата за поттикнување на упадот во Капитол.
Дебатата во Сенатот ја одбележа ставот на републиканецот Мич Меконел, кој рече дека Трамп е виновен, но сепак гласаше за негово ослободување.
Осудувањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше малку веројатно затоа што за тоа е потребно двотретинско мнозинство од 67 гласа. На крајот, 57 сенатори гласаа за импичмент, додека 43 гласаа против. Покрај сите педесет демократи, седум републиканци беа за осуда на поранешниот шеф на државата.
Трамп е првиот човек против кого се води вакво судење откако ја напушти Белата куќа, и прв претседател кој двапати се соочи со импичмент - и двата пати беше ослободен.
„Ова беше уште една фаза од најголемиот лов на вештерки во историјата на земјата“, рече Трамп по одлуката на Сенатот. Тој им порача на приврзаниците дека „нашето историско, патриотско и убаво движење за да ја направиме Америка повторно голема, само што започна“, рече тој
