Трамп е бесен на ќерката и зетот - Ќе „летнат“ ли од Белата куќа?
Американскиот претседател Доналд Трамп го губи трпението со неговата ќерка Иванка и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер кои работат за него како советници во Белата куќа. Според „протечени“ информации во медиумите на еден состанок Трамп и рекол на Иванка дека добива премногу лош впечаток во медиумите и дека тие ја „убиваат“ надвор. - Тоа е лоша зделка, рекол Трамп.

Трамп сепак, и натаму најголема доверба има во членовите на неговото семејство бидејќи голем дел од неговите врвни советници со кои и ја стартуваше кампањата повеќе не се со него меѓу кои генералот Мајк Флин, шефот на кампањата Пол Манафорт, советникот Стив Банон, шефот за комуникации Шон Спајсер и уште многу други.
Во администрацијата на Трамп се насобира голема фрустрација бидејќи ангажираните професионалци кои се горди што и служат на својата земја не можат повеќе да ги трпат каприците на семејството Трамп кога се во прашање политичките одлуки и меѓусебната доверба.

Исто така постоеше и посебно крило во Белата куќа кое беше во судир со Џеред Кушнер во обид да заземе поголема моќ и влијание врз Доналд Трамп, но претседателот тогаш го одбра своето семејство.
Прашање е до кога Трамп ќе може да се потпира само на Иванка, Џеред и уште неколкумина лојални соработници бидејќи притисокот од јавноста од ден на ден се зголемува.
Последниот скандал со ќерката и зетот на американскиот претседател е дека користеле повеќе приватни мејл адреси за службени и формална комуникација во Белата куќа, заедно со уште неколку нивни соработници, наместо да работат со службени и заштитени адреси што може да им донесе големи проблеми.
