ТРАМП ДРЖЕШЕ ГОВОР ТОЧНО 100 МИНУТИ И КАМАЛА ЈА НАРЕЧЕ КОМУНИСТКА: „На фотографиите изгледам подобро од неа“
Поранешниот
претседател на Соединетите Американски Држави (САД), републиканскиот кандидат
Доналд Трамп ја нарече својата противкандидатка Камала Харис „комунистка“.
Според пишувањата на американските медиуми, Трамп ја критикувал економската политика на американската потпретседателка Харис на митинг што го одржал во Пенсилванија, пренесува Анадолија.
Трамп ги спореди целите објавени од Харис со „економскиот систем на Советскиот Сојуз“ и рече: „Камала во својот говор беше како комунистка. Другарката Камала објави дека сака да спроведе социјалистичка контрола на цените. Сте виделе дека ова никогаш досега не функционира“.
Трамп ја опиша кандидатурата на Харис како „пуч против Бајден“ и рече: „Џо Бајден ја мрази. Ова беше соборување на претседателот“.
Трамп ги критикуваше и фотографиите на Харис на насловната страница на магазинот Тајм.
- Направија многу фотографии, но не им успеа, па најмија сликар. Изгледам многу подобро од Камала – рече тој.
Економската политика на Харис, кандидатката на претседателските избори во САД на 5 ноември, е насочена кон намалување на трошоците за намирници и лекови на рецепт, зголемување на достапното домување и намалување на даноците за средната класа.
Во овој контекст, таа планира да работи со американскиот Конгрес на законодавството за забрана на прекумерното зголемување на цените на храната и намирниците.
фото: EPA-EFE/SEAN MEYERS