ТРАМП ДО ПУТИН: Реши си го прво твојот проблем, па грижи се за Иран
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп се потсмева со рускиот колега Владимир Путин во однос на ставовите за воените дејствија меѓу Израел и Иран деновиве.
Tрамп вели дека рускиот претседател прво треба да ја заврши својата војна во Украина.
„Тој всушност понуди да помогне во посредувањето, јас реков: „Направи ми услуга, посредувај сам. Ајде прво да посредуваме со Русија, во ред? Реков: „Владимир, ајде прво да посредуваме со Русија, можеш да се грижиш за ова подоцна“, кажа Трамп.
Лидерот на демократите во американскиот Сенат, Чак Шумер, вели дека побарал од администрацијата на Трамп да им обезбеди на сите 100 сенатори доверлив брифинг за ситуацијата што се одвива меѓу Израел и Иран.
Трамп им забележа на Иранците дека со години извикувале „Смрт за Израел, смрт за САД“.
