ТРАМП ДО ИРАН: Цела цивилизација ќе умре вечерва, никогаш повеќе да не се врати
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп, повторно го предупреди Иран да склучи договор денеска, велејќи дека „цела цивилизација ќе умре вечерва“ ако не се постигне договор за прекин на конфликтот. Тој им даде рок на иранските власти.
„Цела цивилизација ќе умре вечерва, никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, КОЈ ЗНАЕ? Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт, конечно ќе завршат. Бог да ги благослови големите луѓе на Иран!“, порача Трамп.
Порано, иранската новинска агенција Мехр соопшти дека американско-израелските напади го погодиле клучниот ирански терминал за извоз на нафта.
Со брзото приближување на рокот на Доналд Трамп, двете страни се во последен обид за преговори, според официјални лица во пакистанскиот Исламабад, кој дејствува како посредник за индиректните преговори меѓу САД и Иран.
На 28 февруари, САД и Израел го нападнаа Иран. Тие бараат Иран да се откаже од нуклеарната програма.
foto printskrin youtube
