ТРАМП ДО ГРЕНЛАНЃАНИТЕ: Ние сме подготвени да инвестираме милијарди долари
Претседателот на САД, Доналд Трамп вели дека е спремен да вложат многу пари за развојот на Гренланд.
Трамп објави дека го поддржува правото за самоопределување на народот на Гренланд, за кој често зборува дека сака да го купи и дека е подготвен да инвестира милијарди долари за „да ги збогати“ луѓето на овој остров.
„Ќе продолжиме да ве штитиме, како што го правевме тоа од Втората светска војна. Ние сме подготвени да инвестираме милијарди долари за да создадеме нови работни места и да ве збогатиме“, напиша Трамп.
Тој во објавата наведе дека Гренланѓаните ќе бидат добредојдени доколку сакаат да бидат дел од САД.
Трамп често ја изразува својата желба да го земе Гренланд откако се врати на чело на американската администрација.
Премиерот на Гренланд, Муте Буруп Егеде, рече дека тие не сакаат да бидат ниту Американци, ниту Данци, туку Гренланѓани.
Жителите на Гренланд утре излегуваат на парламентарни избори, а во фокусот на изборната кампања беше можната независност на најголемиот остров во светот.
