Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП ДО ГРЕНЛАНЃАНИТЕ: Ќе ви ја гарантираме безбедноста, ќе ве збогатиме и ќе одиме до височини што не сте ги замислиле

ТРАМП ДО ГРЕНЛАНЃАНИТЕ: Ќе ви ја гарантираме безбедноста, ќе ве збогатиме и ќе одиме до височини што не сте ги замислиле

Ќе го добиеме Гренланд на еден или друг начин, вели американскиот претседател Доналд Трамп. 

Тој вели дека работи со „сите заинтересирани страни“ за да „го оствари тоа“.

„Навистина ни треба за меѓународна безбедност и мислам дека ќе го добиеме. Вака или онака, ќе го добиеме. Ќе ви ја гарантираме безбедноста, ќе ве збогатиме и заедно ќе го водиме Гренланд до височини што не сте ги замислиле“, рече тој, обраќајќи им се на жителите на автономна област од Данска.

Тој повтори дека САД ќе го „вратат“ Панамскиот канал, по најавата дека две пристаништа во сопственост на гигант од Хонг Конг, компанијата Хачинсон, се продадени на конзорциум предводен од САД.

Премиерот на Гренланд, Муте Егкенде даде свој одговор на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, појаснувајќи дека „Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“.

„Ние не сме Американци, не сме Данци, затоа што сме Гренланѓани. Ова е она што Американците и нивните лидери треба да го разберат“, вели премиерот. 

Во Гренланд ќе се одржат општи избори на 11 март. Трамп откако дојде на власт, ја спомена идејата да го спои Гренланд со САД. 

Слично

Поврзани вести