Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп бојкотира дебата на „Fox news“ поради водителката – „била лесна категорија“

Трамп бојкотира дебата на „Fox news“ поради водителката – „била лесна категорија“

Последната дебата со учество на кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД пред внатрепартиските избори беше прескокната од упадливиот Доналд Трамп, објавија светските агенции.

Трамп, кој е главниот кандидат на републиканците, објави дека нема да учествува во дебатата за телевизискиот канал „Фокс њуз“ поради водителката Мегaн Кели. Пред тоа тој рече дека таа е лесна категорија и си игра со него.

Трамп претпочита да биде на свој личен предизборен митинг во градот Де Мон, Ајова, на неколку километри од телевизиското студио. За време на организираниот настан за ветерани магнатот изјави дека има собрано 6 милиони долари за ветерани за еден ден. На настанот присуствувале исто така и Рик Санторум и Мајк Хакаби, кои учествуваат во претседателската трка во Републиканската партија, но немаат шанса.

Позицијата на „Фокс њуз“

Пред своето собрание Трамп изјави дека од „Фокс њуз“ се обиделе да го убедат до последно да дојде во студиото, но тој одбил. Од телевизијата изјавиле дека Трамп им побарал пет милиони долари донација, за да вети дека ќе учествува во дебатата.

Слично

Поврзани вести