Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп блокирал помош од 50 милиони долари за кондоми за Газа

Трамп блокирал помош од 50 милиони долари за кондоми за Газа

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, го замрзна федералното финансирање во кое е вклучена помош од 50 милиони долари првично наменети за дистрибуција на кондоми во Газа, според прес-секретарот на Белата куќа, Каролин Левит.

Замрзнувањето, сега привремено блокирано од федерален судија, беше дел од пошироката фискална политика насочена кон преглед и потенцијално прераспределување на расходите на федералниот буџет за усогласување со приоритетите на администрацијата.

За време на брифингот Левит рече дека Одделот за владина ефикасност, предводен од технолошкиот милијардер Илон Маск, и Канцеларијата за менаџмент и буџет, ги откриле средствата за дистрибуција на кондоми во Газа непосредно пред да бидат исплатени.

„DOGE и OMB, исто така, открија дека имало околу 50 милиони долари од даночните обврзници со кои требало да се финансиранабавка на кондоми за Газа“, рече таа. „Тоа е бесмислено трошење пари на даночните обврзници.

Кондомите во хуманитарна помош се користат за здравствени и репродуктивни цели.  Меѓународната федерација за планирано родителство реагираше дека на Палестинците „систематски им се ускратува сексуалната и репродуктивната здравствена заштита и права“.


Слично

Поврзани вести