Трамп: блокадата на Ормуз е на сила, бродови пловат кон САД по најдобрата нафта
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека поморската блокада на Иран веќе стапила на сила, нагласувајќи дека САД нема да попуштат кога станува збор за нуклеарната програма на Техеран.
Во обраќање од Белата куќа, Трамп посочи дека Иран „силно сака договор“, но дека преговорите се блокирани токму околу прашањето за нуклеарното оружје.
– „Иран нема да има нуклеарно оружје. Договоривме многу работи, но тие на ова не прифатија. Мислам дека ќе прифатат. Ако не – нема договор“ – изјави Трамп.
Тој додаде дека САД имаат намера да го преземат иранскиот збогатен ураниум.
– „Ќе го решиме тоа. Или ќе ни го дадат, или ќе го земеме“ – рече Трамп.
Американскиот претседател ја потврди и блокадата во регионот на Ормутскиот теснец, нагласувајќи дека таа веќе е во сила.
– „Не можеме да дозволиме една земја да го уценува светот“ – истакна тој.
Според него, бродови веќе се упатуваат кон САД за преземање на нафта, а ситуацијата, како што оцени, може брзо да се разреши.
Блокадата опфаќа пошироко подрачје околу иранскиот брег, вклучително и делови од Оманскиот Залив и Арапското Море. Американската војска предупреди дека секој брод што ќе влезе без одобрение може да биде пресретнат или запленет.
Во меѓувреме, Иран најавува можни контрамерки, што дополнително ги зголемува тензиите во Ормутски теснец – една од најважните светски рути за транспорт на нафта.
Индекс.хр