Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп бара смртна казна за Узбекистанецот кој изврши напад во Њујорк

Трамп бара смртна казна за Узбекистанецот кој изврши напад во Њујорк

Претседателот на САД,  Доналд Трамп бара смртна казна за напаѓачот од Њујорк. 

Тој најави голема промена во имиграциската политика откако полицијата уапси маж за напад со камионче врз пешаци и велосипедисти во Њујорк. 

Во нападот загинаа осум луѓе, додека неколку лица беа повредени. Трамп најави дека ќе работи со Конгресот за запирање на визната Програма за зелена карта преку која осомничениот легално влегол во Соединетите држави во 2010 година. Трамп жестоко ја критикуваше оваа програма. Тој изјави дека напаѓачот 29 годишниот Сајфуло Саипов кој е со потекло од Узбекистан кој бил инспириран од екстремистичката група „Исламска држава“ и за кој веќе е покренато обвинување за тероризам да добие смртна казна.

Ова е прв случај на терористички напад во САД, извршен со камион, на ист начин како нападите во Ница, Берлин и Лондон. Викајќи „Алах Акбар“, напаѓачот возел во спротивна насока по улиците на Менхетен, по пешачки и велосипедски патеки. На крајот удрил во училишен автобус, па излегол од автомобилот, заканувајќи се со лажни пушки. Полицијата го рани мажот, по што го уапси. 

Слично

Поврзани вести