Трамп бара повисоки даноци за богатите
Кандидатот за претседател од Републиканската партија Доналд Трамп бараше даноците за богатите да бидат зголемени. „За богатите искрено, мислам дека даноците навистина би требало да се зголемат“, изјави Трамп пред телевизијата Ен-Би-Си.
Трамп изјави дека ќе го стави ова прашање пред Конгресот, ако стане претседател на САД. Тој објасни дека најмногу се интересира за благосостојбата на средната класа и вети дека ќе ги намали даноците за неа. Тој истакнува дека го поддржува зголемувањето на минималната плата.
„Не знам како живеете со 7,25 долари на час“, изјави Трамп, но додаде дека наскоро ќе остави ова прашање да биде решено од одделните Држави.
Слично
