Трамп балансира меѓу Израел и Палестина - Абас повикан во Белата куќа
Американскиот претседател Доналд Трамп прави напори да ги смири односите меѓу Израел и Палестина кои станаа тензични во неколку наврати под водство на Нетанјаху со различни воени акции и продолжување на операцијата за изградба на населби на палестинска територија.
Затоа Трамп го покани палестинскиот претседател Махмуд Абас во Белата куќа да разговараат за мировниот договор со Израел. Во соопштението од Белата куќа е наведено дека Трамп му рекол на Абас дека мора да преговара за мировен договор директно со Израел и дека САД ќе соработува блиску со двете земји за да ја постигнат таа цел.
Палестинците се загрижени дека Трамп, во евентуални разговори ќе го поддржи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, затоа што му беше и прв странски гостин во Белата куќа по инаугурацијата на 20 јануари.
