Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: Ако лошите момци почнат да пукаат, тоа доаѓа преку Гренланд

Трамп: Ако лошите момци почнат да пукаат, тоа доаѓа преку Гренланд

Соединетите Американски Држави(САД) преговараат за „целосен пристап“ до Гренланд. 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата администрација преговара за договор што ќе им овозможи на САД „целосен пристап“ до Гренланд, што, како што рече, е клучно за националната безбедност.

„Сè доаѓа преку Гренланд. Ако лошите момци почнат да пукаат, тоа доаѓа преку Гренланд. Тоа е прилично непроценливо. Тоа е неверојатно. Знаете, поранешниот американски претседател Роналд Реган ја имаше таа идеја одамна, но во тоа време немавме никаква технологија. Концептот беше одличен, но немаше технологија. Сега имаме неверојатна технологија“, рече Трамп.

Тој објасни дека САД и НАТО постигнале „рамка за иден договор“ за пристап на САД до оваа територија.

„Врз основа на многу продуктивниот состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја формиравме рамката за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Трамп рече дека договорот, доколку биде финализиран, „ќе биде одличен за САД и сите земји-членки на НАТО“, додавајќи дека договорот го натерал да ги суспендира планираните царини.

Додаде дека САД имаат најдобра опрема во светот – ракети „патриот“ и „томахавк“, авиони „Ф-35“.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести