Tрамп: Путин се согласи да не ги напаѓа Киев и другите украински градови една недела
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Владимир Путин го прифатил неговото барање да не ги напаѓа Киев и другите украински градови една недела. Тој не појасни кога и како му го испратил ова барање на Путин и кога би почнало краткото примирје.
„Лично го замолив Путин да не ги напаѓа Киев и другите украински градови и места една недела зашто Украинците моментално се соочуваат со многу ниски температури. И тој се согласи со тоа, што е многу убаво“, кажа Трамп.
Руските сили последен пат го нападнаа Киев ноќта на 28 јануари, што беше продолжение на серијата напади врз енергетската инфраструктура на Украина, што ја предизвика најголемата енергетска криза во земјата од почетокот на војната.
Идниот месец ќе се навршат четири години од почетокот на руската инвазија на Украина.
foto printskrin youtube
