Трамп веќе бил оставен, неговата муза Меланија го направила тоа
Покрај големи посрамотувања во јавноста, Меланија сепак е секогаш до нејзиниот сопруг Трамп.
Но дали тоа било отсекогаш така?
Доколку може да ѝ се верува на најновата книга на Роналд Кеслер за животот на американскиот претседател, наречена “The Trump White House: Changing the Rules of the Game”, Меланија веќе еднаш го има оставено својот долгогодишен сопруг.
Како што пишува авторот на книгата, на почетокот од нивната врска Меланија ја видела Кара Јага, поранешната девојка на Доналд, како го напушта неговиот апартман во кулата “Трамп”.“Тоа било на почетокот на нивната врска во 1998 година, кога Меланија требало да патува со него во Мар-а-Лаго. Пред заминувањето, таа отишла до неговиот апартман, каде што ја забележала Кара, манекенката која две години била во врска со Доналд, како си заминува. Меланија го оставила во истиот момент”, кажал Кеслер за “Us Weekly”.
“Не размислувала на милијардите кои тој ги има, ниту за прекрасниот Мар-а-Лаго или луксузниот апартман. Раскинала со него и наредила да ѝ се врати сета облека која веќе била испратена кон Мар-а-Лаго. На Доналд му била потребна само една недела за да ја врати назад, но сепак ова дава увид во нејзиниот карактер од кој бил импресиониран и самиот Доналд”, изјавил авторот на книгата.
