ТРАЈНА ЗАБРАНА: Трамп остана без личниот твитер налог
Твитер налогот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, е суспендиран, објави Твитер. Станува збор за профилот - @realDonaldTrump, а според најавите сметката е трајно забранета.
Причината за забраната за личниот налог на Трамп е, како што е наведено во образложението на одлуката „ризик од понатамошно поттикнување на насилство“.
Инаку Доналд Трамп претходно отстрани неколку видеа од скоро сите социјални мрежи, вклучувајќи ги Јутјуб, Твич, ТикТок, Фејсбук, Инстаграм и други, во кои тој не го осуди директно и недвосмислено насилството во Вашингтон, како и за претходно поттикнување на насилство.
Трамп веќе доби забрани за Твитер, Фејсбук и други мрежи, но Твитер сега одлучи забраната да стане постојана без можност за активирање на сметката на Доналд Трамп.
„Верж“ објави дека одлуката на Трамп да не присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател им дава причина на неговите приврзаници насилно да ги свртат резултатите од изборите, што и самиот Трамп го призна пред одлуката.
