Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГИЧНО ЗАВРШИЈА: Хамас уби уште шест заложници пред до нив да дојде израелската армија

ТРАГИЧНО ЗАВРШИЈА: Хамас уби уште шест заложници пред до нив да дојде израелската армија

Трагично завршија уште шест заложници во Газа. 

Извлечени се телата на 6 заложници од Газа, соопшти утринава израелската војска, додавајќи дека тие се убиени непосредно пред израелските сили да стигнат до нив.

ИДФ ги именуваше заложниците како Кармел Гет, Еден Јерушалми, Херш Голдберг-Полин, Александар Лобанов, Алмог Саруси и наредникот Ори Данино. 

Палестинската терористичка група Хамас ги киднапираше лани на 7 октомври во јужен Израел.

Израелската армија почна кампања во Газа за уништување на Хамас како одговор на нападот на 7 октомври, при што беа масакрирани околу 1.200 луѓе, а 251 лице беа земени како заложници. Оттогаш, над 40.530 луѓе се убиени во Газа. Ова се бројки од тамошното Министерство за здравство управувано од Хамас. Повеќе земји го обвинија Израел за геноцид. 

Слично

Поврзани вести