Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трагично загина рускиот министер Евгениј Зинчев

Трагично загина рускиот министер Евгениј Зинчев

Рускиот министер за вонредни ситуации, Евгениј Зинчев, загина за време на вежби за обука на Арктикот, објави агенцијата РИА, цитирајќи го министерството денеска.

Министерството само изјави дека министерот починал спасувајќи нечиј живот, но не даде други детали, додава РИА.

Министерот „трагично го загуби животот во службата во Норилск за време на меѓуминистерските вежби за заштита на Арктикот, додека го спасуваше животот на едно лице“, велат од министерството за Тасс.

Подоцна произлезе веста дека спасеното лице е камерман. Зинчев по професија беше генерал и добатр пријател со рускиот претседател Владимир Путин.


Слично

Поврзани вести