Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГИЧНО СЕЛФИ-МЛАД АМЕРИКАНЕЦ ПАДНА ВО КРАТЕР НА ВУЛКАНОТ ВЕЗУВ: Туристот преживеа пад висок 300 метри

ТРАГИЧНО СЕЛФИ-МЛАД АМЕРИКАНЕЦ ПАДНА ВО КРАТЕР НА ВУЛКАНОТ ВЕЗУВ: Туристот преживеа пад висок 300 метри

23-годишниот Филип Керол американски турист од Балтимор преживеал пад во кратер на вулканот Везув откако се обидел да се фотографира.

Како што соопштија од полицијата во Неапол за локалните медиуми, туристот заедно со неговото семејство во текот на викендот стигнал на врвот на Везув по забранета патека, а кога стигнале до врвот на вулканот познат по уништувањето на римскиот град Помпеја, Филип Керол посегнал по својот телефон за да направи селфи на врвот на вулкан висок 1.218 метри.

Кога телефонот му паднал во кратерот, Филип се свртел и паднал.

„Утринава, од причини кои допрва треба да се утврдат, турист заедно со семејството тргна по забранета патека, стигна до работ на кратерот и падна во Везув“, изјави Џенаро Ламета, владин претставник.

Тој исто така истакна дека Керол можел да падне од височина од 300 метри во кратерот.

Речиси два милениуми по смртоносната ерупција во 79 година од нашата ера, која ги остави градовите Помпеја, Оплонтис и Стабија покриени со пепел, вулканот Везув останува еден од најпопуларните туристички атракции во земјата.

Додека Везув е технички сè уште активен вулкан, последната ерупција се случи во 1944 година, оттогаш вулканот е неактивен. Највисоката точка на вулканот е околу 1.277 метри со кратер длабок 304 метри.


Слично

Поврзани вести