Трагичниот Камерон целосно се повлекува од политика
Екс британскиот премиер Дејвид Камерон целосно ќе се повлече од политиката и ќе си поднесе оставка како пратеник во Британскиот парламент со цел да овозможи земјата целосно да се фокусира на обврските кои произлегуваат од референдумот за излез од ЕУ.
„За тоа долго и напорно размислував летово и одлучив дека е исправно да се повлечам“, изјави Камерон.
Камерон ќе биде прогласен за трагичар во британската политичка историја бидејќи сам побара одржување на референдум, а потоа не успеа да ја води кампањата за останување во рамките на ЕУ дозволувајќи изненадувачка победа на ултра-десничарите и евро-скептиците.
Слично
