Траги на коронавирусот се пронајдени со самопослуги во Италија
Во Италија полицијата при контрола на самопослуги откри траги од коронавирус.
Специјален оддел на италијанската полиција прегледа неколку илјади самопослуги за да утврди дали има траги од Ковид-19 на уредите и апаратите што се најчесто користени, пишува агенцијата Анса. Присуството на генетски материјал од коронавирусот е утврдено на количките и корпите што се користат во самопослугите, на банкоматите и на тастатурите на вагите. Поради нехигиенaта, непочитувањето на растојанието помеѓу купувачите, недостиг на средства за дезинфекција, на 226 лица им се издадени казни на самото место. 12 супермаркети веднаш се затворени, а сопствениците биле казнети.
Во сите продавници задолжително е на самиот влез да има средство за дезинфекција на рацете, а во самопослугите и за дезинфекција на корпи и колички.
Во Италија најмалку 100.000 луѓе починаа од коронавирусот. Таа е една од најпогодените земји во Европа.