Трагедијата на Флорида иницијална каписла за поголема контрола за оружје, Трамп со поддршка за контрола
Белата куќа објави дека Трамп ги поддржа напорите на федералните власти за заострување на контролата врз купувачите на оружје.
Несреќниот настан на Флорида поттикна разговор помеѓу Трамп и републиканскиот сенатор од Тексас, Џон Корнин, за подготовка на предлог-закон, за да се направи построга контрола врз продажбата на оружје.
VOA Macedonian напиша дека анкета на Вашингтон пост и ABC News, покажува дека 86 проценти од испитаниците кои се идентификувале како демократи, рекле дека со построги закони за контрола на оружјето инцидентот можело да биде спречен. Додека 67 проценти од републиканците се изјасниле дека со построги закони нема да се спречи масакр.
Слично
