Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трагедија за еврозоната, невработеноста стигнува до 12%!

Трагедија за еврозоната, невработеноста стигнува до 12%!
Претставникот на Европската комисија, Џонатан Тод, денеска изјави дека сегашното ниво на стапката на невработеност во еврозоната е многу висока и претставува вистинска трагедија за Европа. Затоа, посочува Тод, Унијата и нејзините земји членки се должни да ги искористат сите расположливи средства за да создадат нови работни места и да обезбедат одржлив економски раст.Тој исто така нагласи дека треба да им се помогне на младите во стекнувањето на подобри професионални кваливикации, со што ќе се зголеми нивната шанси за наоѓање работа. За таа цел, Европската Унија ќе воведе систем наречен „Гаранција за младите“ преку кој на младите луѓе ќе им се овозможи да го подбрат своето образование и потоа тоа стекнато знаење да го спроведат во пракса што е можно побрзо. Според најновите податоци на Европската статистичка служба Евростат, стапката на невработеност во еврозоната достигнува 11,9 отсто.
Слично

Поврзани вести