Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА ВО СИЕРА ЛЕОНЕ: Стотина луѓе загинаа при експлозија на цистерна со нафта

ТРАГЕДИЈА ВО СИЕРА ЛЕОНЕ: Стотина луѓе загинаа при експлозија на цистерна со нафта

Стотина луѓе загинаа при експлозија на цистерна со нафта во близина на Фритаун, главниот град на африканската држава Сиера Леоне. 

Несреќата се случила откако автобус се судрил со цистерна.  Десетици се повредени откако, според изјавите на сведоците, голема маса народ дошла да ја собира нафтата што тече. Во мртовечницата во болницата Конот се донесени 92 тела, а за околу 30  луѓе кои се со тешки изгореници не се очекува да преживеат. Во оганот кој се проширил изгореле луѓе во автомобили кои се наоѓале и на блискиот пат. 

Инциденти со нафтени цистерни се случуваа и порано во Сиера Леоне, која е една од најсиромашните земји во светот. Слични несреќи имаше и во други држави на континентот.  

фото AP

Слично

Поврзани вести