Tрагедија во семејството на германската канцеларка: Меркел ја загуби најдрагата личност
Херлинд Казнер, мајката на канцеларката Ангела Меркел починала.Ова го соопштил портпаролот на владата на Германија не наведувајчи други детали.
Како што е познато, Херлинд Казнер, мајката на Меркел, била професорка по латински и англиски јазик, секогаш повлечена и дискретна, починала во почетокот на април на 90 години.
Казнер ја родила Ангела во Хамбург во 1954 година, пред да се пресели во источниот дел на Германија со сопругот Хорст Казнер, очувот и таткото на канцеларката. Тој починал во 2011 година.
Канцеларката се презива Меркел од 1977 година кога се омажила за Улрих Меркел, од кој подоцна се развела но го задржала неговото презиме.
Ангела Меркел во моментов се наоѓа во Брисел каде е во тек самитот на лидерите на ЕУ посветен на излезот на Британија од членството во Унијата.
Foto: EPA
Слично
