ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА: Лавина затрупа рудари
Лавина затрупа рудари во Русија, при што двајца загинаа затрупани во рудник со злато.
Во лавина која го зафати северот на регионот Хабаровск во Русија, загинаа две лица, информираа денеска официјалните власти.
Лавината ја погоди областа каде што се наоѓа рудникот на злато Многовершино и потрупа десетина вработени во рудникот, соопшти Министерството за вонредни ситуации.
Осум луѓе се спасени од лавината.
Слично
