Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трагедија во Индонезија: најмалку тројца загинати при ерупција на вулканот Дуконо

Трагедија во Индонезија: најмалку тројца загинати при ерупција на вулканот Дуконо

Најмалку тројца планинари загинаа по ерупција на вулканот Дуконо во источна Индонезија, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по уште најмалку десет лица кои се водат како исчезнати.

Несреќата се случила во момент кога група планинари се наоѓале на планината. Индонезиските власти претходно започнале спасувачка операција за дваесетина лица за кои се претпоставувало дека биле во близина на вулканот при ерупцијата.

Според началникот на полицијата во Северна Халмахера, Ерлихсон Пасарибу, меѓу загинатите се двајца странски државјани и еден жител на островот Тернате. Локалните медиуми објавуваат дека странците најверојатно се од Сингапур, но таа информација сè уште нема официјална потврда.

Спасувачките тимови успеале да ги утврдат локациите на две од жртвите, но пристапот до нив е отежнат поради активноста на вулканот и опасниот терен. Екипите се сместени во засолниште на околу два километри од врвот, каде што условите засега се стабилни.

Еден од локалните спасувачи изјавил за Би-би-си дека состојбата во близина на кратерот останува ризична поради исфрлање пепел и вулкански материјал. Третата жртва сè уште не е лоцирана, а потрагата по исчезнатите продолжува кога условите ќе дозволат безбедно движење на теренот.

Слично

Поврзани вести