Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА: Расте бројот на загинати од земјотресот во Индонезија

ТРАГЕДИЈА: Расте бројот на загинати од земјотресот во Индонезија

Претставник на локалните власти соопшти дека бројот на загинати од земјотресот кој го погоди островот Ломбок се искачи на 142 лица. 

Околу илјада индонезиски и странски туристи денека се евакуираат од островот Гили, кој се наоѓа во близина на Ломбок, а портпаролот на националната агенција за справување со прирoдни непогоди, Сутопо Пурво Нугухо потврди дека 200 туристи веќе го напуштиле островот.

Повеќето од жртвите на земјотресот беа во планинска област во северниот дел на Ломбок, далеку од главните туристички места во јужниот и западниот дел на островот, а хотелите на Гили настрадале од силниот земјотрес, проследен со аларм за цунами, што предизвика паника меѓу жителите, кои побарале да отпатуваат за Ломбок, за да стигнат до аеродромот во главниот град Матарам.

Владина делегација на Сингапур, предводена од министерот за внатрешни работи и правда К. Шамангам, се најде во епицентарот на силниот земјотрес во Ломбок, раскажа денеска лично министерот преку Фејсбук. „Го зедов само неопходното, вклучувајќи го компјутерот со мојата службена кореспонденција. Бевме надвор, а потоа бевме сместени во мал трикатен хотел“, напиша министерот. 

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 15 км во близина на северниот брег на Ломбок каде пред една недела беше регистриран земјотрес од 6,4 степени по Рихтер и во кој загинаа 16 луѓе


Слично

Поврзани вести