Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГАТЕЛНА СРЕДБА: Момче (9) заробено од Хамас трча кон својот татко - ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕН ВО ГАЗА (ВИДЕО)

ТРАГАТЕЛНА СРЕДБА: Момче (9) заробено од Хамас трча кон својот татко - ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕН ВО ГАЗА (ВИДЕО)

Првите 13 ослободени лица од заробеништво на Хамас се префрлени во Израел се на болничко лекување и се во добра состојба.

Имаше радост и олеснување кога израелските заложници што ги ослободи Хамас беа повторно обединети со нивните семејства.

Особено емеотивен е моментот кога деветгодишниот Охад Мундер трча низ ходникот во детскиот медицински центар Шнајдер во Петах Тиква кон својот татко.

Видеото објавено од болницата, исто така, покажува дека неговата мајка Карен и баба Рути се обединиле со семејството.

Охад беше ослободен вчера заедно со неговата 55-годишна мајка Карен Мундер и неговата баба Рути Мундер (78). Сопругот на Рути, Аврахам Мундер останува во Газа.

Охад наполни девет години додека се наоѓаше во Газа.


Ослободените заложници со добро здравје

Медимите јавуваат дека во детскиот медицински центар „Шнајдер“ се примени четири жени и четири деца кои Хамас ги ослободил и дека се во добра состојба.

Останатите пет Израелци се примени во медицинскиот центар Волфсон во градот Холон и исто така се во стабилна состојба.

На 7 октомври, Хамас изврши ненадеен и масовен ракетен напад врз Израел од Појасот Газа и ја проби границата, убивајќи околу 1.200 луѓе и киднапирајќи над 200 други во соседните израелски заедници.

Израел возврати со удари и нареди целосна блокада на Газа, прекинувајќи го снабдувањето со вода, храна и гориво.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести