Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Прстен со змеј за МАРКЛ од принцот ХАРИ

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Прстен со змеј за МАРКЛ од принцот ХАРИ

Традицијата продолжува. Започната пред речиси сто години, за употребата на свадбен прстен од велшко злато со печат на змеј, ќе продолжи и на венчавката на принцот Хари и неговата вереница Меган Маркл.

Прстенот ќе го изработи лондонската златарница „Вортски“.

Традицијата на вакви прстени ја започнаа прадедото и прабабата на Хари, кралот Џорџ Шести и кралицата Елизабета на нивната свадба во 1923 година.

Нивниот пример го следеше и актуелната кралица Елизабета Втора при венчавката со принцот Филип во 1947 година, како и постариот брат на Хари, принцот Вилијам при свадбата со Кејт Мидлтон во 2011 година.


Слично

Поврзани вести