Економија, финансии, бизнис

Контакт

Товарен брод со луксузни автомобили се насука во близина на англиското крајбрежје

Товарен брод со луксузни автомобили се насука во близина на англиското крајбрежје
Товарниот брод „Хју Осака“ кој од Саутемптон тргнал кон Англија носеќи 1400 луксузни автомобили, се насукал во близина на градот Солента на англиското крајбрежје. Според исказите на капетанот, бродот бил намерно насукан за да не се преврти, а неговото извлекување би можело да потрае со недели. Бродот се насукал ноќта помеѓу саботата и неделата, а сите членови на екипажот биле спасени. brod.2 На бродот имало натоварено 1.400 луксузни автомобили, вклучувајќи и Ролс Ројс како и Бентли. Според британските медиуми, капетанот намерно го насукал бродот со цел да се исбегне превртување. Се уште е нејасно што ќе се прави со бродот. Неговото извлекување би можело да потрае си недели, а се уште се одлучува на кој начин да се направи истото. Главната дилема е дали да се отстранат автомобилите, па потоа да се извлекува бродот со останатиот товар од 52 тони. brod.3 Покрај автомобили на бродот била натоварена и земјоделска механизација. Бродот бил регистриран во Сингапур, а тргнал од Саутемптон кон Германија.
Слично

Поврзани вести