Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тотален колапс на аеродромот Бранденбург во Берлин поради штрајк - вработените во јавниот превоз бараат повисоки плати

Тотален колапс на аеродромот Бранденбург во Берлин поради штрајк - вработените во јавниот превоз бараат повисоки плати

Воздушниот сообраќај на аеродромот Берлин-Бранденбург (BER) е целосно запрен поради штрајк на синдикатот Верди.

Со штрајкот што почна во шест часот изутринава ќе бидат засегнати околу 445 летови со околу 57 илјади патници. Неколку летови веќе се откажани, а на патниците им се препорачува да ги контактираат своите авиокомпании за информации за алтернативни патувања и пререзервации.

Верди, еден од најголемите синдикати во Европа, е во преговори со компанијата „ФББ“ што стопанисува со аеродромот Берлин-Бранденбург, барајќи шестпроцентно зголемување на платите или најмалку 250 евра за околу две илјади вработени. Согласно последниот колективен договор со важност од 12 месеци, Синдикатот уште бара и дополнителен слободен ден за работниците.

Во текот на втората рунда преговори од минатата недела, претставниците на работодавачот изнеле почетна понуда што за Синдикатите не била доволна.

Директорката на „ФББ“, Алетa фон Масенбах, го оцени штрајкот како непропорционален, особено што е свикан во „веќе многу напната ситуација поради војната во Иран“. Таа изрази уверување дека договор ќе биде постигнат на следната рунда преговори закажана за 25 овој месец. 


Метрото, трамваите и автобусите ќе работат со намалена брзина од утрото, а ќе се префрлат на мрежа за итни случаи од 11:00 часот. 

Приградските возови и регионалните автобуси не се засегнати.

Синдикатот Верди планира слични штрајкови утре, во други поголеми градови во Баварија, Северна Рајна-Вестфалија и Хамбург.

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести