Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тортура и закани вредни 100 милијарди долари во Саудиска Арабија

Тортура и закани вредни 100 милијарди долари во Саудиска Арабија

Се повеќе западни медиуми објавуваат извештаи дека наводно саудиските власти под команда на кралот Салман извршиле тортура врз големиот број на приведени принцови, бизнисмени и членови на кралското семејство под сомнежи за корупција. 

Елитата на Саудиска Арабија која имаше во посед огромно богатство, акции во најбогатите државни фирми со нафта и други моќни бизниси, како и цврста политичка моќ. беше приведена во хотелот Риц-Карлтон за да се прикаже дека се третира со почит и достоинство од страна на власта.

Сепак, сега има и сведочења дека дел од приведените богаташи биле тепани, а им биле упатувани и најразличен вид на закани за да почнат да соработуваат. Повеќето од нив даваа и по милијарда долари само за да бидат ослободени од притвор со што Саудиска Арабија прифати да постигне спогодба и повеќе да не ги гони кривично. 

Тогаш саудиските власти соопштија дека успеале да вратат 100 милијарди долари во најголемата акција против корупција која исто така е проценета како чистка на кралот Салман кој сака да ја зацврсти својата моќ и владеење.

Слично

Поврзани вести