Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОРТА ВРЗ ЛИЦЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Уште еден напад на активистите за климата, сега восочната фигура на монархот во Мадам Тисо

ТОРТА ВРЗ ЛИЦЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Уште еден напад на активистите за климата, сега восочната фигура на монархот во Мадам Тисо

По нападот со супа од домати врз „Сончогледите“ на холандскиот сликар Винсент ван Гог, и по уништување на ремек делото „Стогови сено“ на Моне активистите кои се залагаат за борба против климатските промени предизвикаа нов инцидент - фрлија торта на восочната фигура на кралот Чарлс III во лондонскиот музеј Мадам Тисо.

Во видеото на социјалните мрежи, двајца активисти облечени во маички Just Stop Oil се гледаат како фрлаат торта во лицето на фигурата на британскиот крал.

Четири лица се уапсени за уништување имот, соопшти полицијата.

„Денеска (24 октомври) околу 10.50 часот демонстрантите влегоа во „Светската зона“ на музејот Мадам Тисо во Лондон и фрлија торта на восочните фигури на кралското семејство“, соопшти музејот.

„Нашето обезбедување брзо реагираше. Тесно соработуваме со полицијата за овој случај“.

Според нив, музејот ќе биде отворен, додека делот со кралското семејство ќе биде привремено затворен.

Демонстрантите побараа владата да ги суспендира сите нови дозволи и одобренија за нафта и гас.

Кралот Чарлс Трети планираше да присуствува на самитот за климатски промени (COP27) во Египет, но се повлече откако премиерот во заминување Лиз Трус, наводно, го предупредила да не присуствува на конференцијата.


Слично

Поврзани вести