Економија, финансии, бизнис

Контакт

Toрнадо зафати три европски земји, во многу куќи повеќе не може да се живее

Toрнадо зафати три европски земји, во многу куќи повеќе не може да се живее

Страшно невреме со торнада деновиве ги погоди Луксембург, делови од Холандија и Германија.

Премиерот на Луксембург, Гзавије Бател вети финансиска помош за сите граѓани чиишто домови се оштетени од торнадото кое ја погоди земјата во петокот.

„Подготвени сме да преземеме одговорност“, изјави Бател, пренесе весникот „Тагеблат“.

Во торнадото повредени се 19 лица од кои две потешко, пренесува „АП“.

Едно од лицата доживеало срцев удар и се наоѓа во критична состојба.

Оштетени се околу 300 згради, додека 80 куќи се уништени до тој степен што во нив повеќе не може да се живее, пишува „Тагеблат“.

Стотина пожарникари, војници и припадници на полицијата го чистеа местото кое го погоди торнадото.

Слично

Поврзани вести