ТОРНАДО И НЕВРЕМЕ ЈА УНИШТИ АЛАБАМА: Најмалку шест лица загинаа!
Најмалку шест лица загинаа во невремето и торнада што вчера го погодија центарот на Алабама, изјави гувернерот на Алабама Кеј Ајви.
- Моите молитви се со семејствата на починатите. На сите ни е премногу познато лошото време, но нашите луѓе се отпорни. Ќе го преживееме ова и ќе бидеме уште посилни – додаде Ајви, пренесува Ројтерс.
Вчера гувернерот прогласи вонредна состојба во шесте области на Алабама кои беа најтешко погодени од невремето.
More tornado damage from Selma… photos from Alexis Nicole pic.twitter.com/2AlyxYyTtF
— James Spann (@spann) January 12, 2023
Областите за кои станува збор се Отаго, Чемберс, Куза, Далас, Елмор и Талапуса.
Силните ветрови и обилните дождови оштетија домови и прекинаа струја во десетици илјади домови во делови од Џорџија, Мисисипи и Алабама.
Повеќе од 250 летови од меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон во Атланта и меѓународниот аеродром Шарлот Даглас во Даглас беа откажани или одложени.
Фото: Принтскрин/Твитер