Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОРНАДА ПРОДОЛЖУВААТ ДА ДИВЕАТ НИЗ САД: Страшни сцени, загинати, повредени, материјалната штета е огромна (Видео)

ТОРНАДА ПРОДОЛЖУВААТ ДА ДИВЕАТ НИЗ САД: Страшни сцени, загинати, повредени, материјалната штета е огромна (Видео)

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени вчера во силно торнадо што ја погоди јужната американска држава Арканзас, додека силните бранови на невреме доведоа до уривање на покривот на театар северно во државата Илиноис кога најмалку едно лице е убиен, а 28 се повредени.


Во Арканзас две лица загинаа во градот Вино, изјави гувернерката Сара Хакаби Сандерс на прес-конференција и прогласи вонредна состојба и нареди распоредување на околу стотина припадници на Националната гарда во таа сојузна држава. Таа во порака на Твитер напиша дека центарот на Арканзас претрпел значителна штета.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести