Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топлотен бран ширум Европа и Балканот: „Екстремното ќе биде нормално“

Топлотен бран ширум Европа и Балканот: „Екстремното ќе биде нормално“

Топлиот бран кој ја зафати западна и централна Европа ќе продолжи и во текот на овој викенд, со исклучок на Франција и земјите од Бенелукс.

Во тие земји денес се очекува краткотрајно освежување, наведено е на сајтот на Severe Weather Europe.

Во западна Европа вчера попладне се забележани температури од 35 до 38 степени. Високите температури ќе бидат застапени и во недела, во западна и централна Европа.

„Топлотниот бран прво ќе стигне на Јадранот, односно на северениот Јадран, а дневните температури ќе се движат околу 34 степени. Тоа ќе се пролонгиран и во понеделник, а ќе ја зафати и внатрешноста на земјата бидејќи ноќите ќе бидат многу топли.

Мнгу високи температури ја погодиле дури и Европа и во оние делови во кои тоа не е вообичаено во овој период од годината, во Шведска, Финска и Норвешка.

Во Германија и земјите од Бенелукс во петокот температурите биле од 37 до 39 степени. Во Велика Британија петокот бил најтоплиот ден овој лета - 35 степени.

Во понеделникот температурите преку Франција и Италија ќе стигнат до западот на Балканот и ќе донесат температури до 39 степени.

 Во Хрватска на сила е жолто предупредување за подрачјето на Ријека.

Топлотниот бран кој моментално ја зафати Европа е „недвосмислен знак“ на климатските промени кои стануваат се поизвесни“, стои во објавената студија на научници од светската мрежа за временски прилики (World Weather Attribution - WWW).  

Од почетокот на топлотниот бран кој ја зафатил северната хемисфера пред неколку недели, научниците истакнуваат дека тој бран одговара на претходно претставен модел за климатските промени.

Каква временска прогноза ја очекува Македонија овие денови читајте овде.

Слично

Поврзани вести