Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топењето на глечерите е „темпирана бомба“ за економијата

Топењето на глечерите е „темпирана бомба“ за економијата
Додека многумина мислат на придобивките кои топењето на ледниците ќе ги донесе, сеуште сериозно не се размислува за трошоците, кои можат да достигнат огромни суми Топењето на глечерите почна да се нарекува и „темпирана бомба" за економијата.  Климата на Северниот Пол се затоплува двојно побрзо во споредба со други географски области. Брзото топење на Северниот Пол е "темпирана бомба" за економијата, бидејќи феноменот може да го чини на светот барем 60 трилиони долари. До пресметките достигнаа научници кои сакаат да се разбере какви ќе бидат финансиските последици од климатските промени во овој дел на земјината топка, пренесува CNBC. Рекордното топење на глечерите во Арктичкиот Океан беше наметнат како позитивен феномен за економијата. Тоа обезбеди нови можности за истражување и екстракција на природен гас. Се проценува дека полињата на природен гас во регионот претставуваат 30% од светските резерви, а оние на нафта се 13 проценти. Сепак клучната улога на Северниот Пол за регулирање на нивото на океаните и состојбата на климата значи дека топењето ќе предизвика сериозни климатски промени. Тие би имале негативно влијание врз културите кои се одгледуваат, ќе предизвикаат поплави и ќе ја уништат инфраструктурата во големи делови на светот. Ова го покажа заедничкото истражување на научниците од Универзитетот во Кембриџ и оние на Универзитетот Еразмо во Ротердам, Холандија. „Луѓето мислат само на придобивките кои топењето ќе ги донесе на економијата. Но тие не сфаќаат дека трошоците и штетите можат да се движат од десетици до стотици милијарди долари ", вели Крис Хоуп од Универзитетот во Кембриџ. Со години климата на Северниот Пол се загрева барем два пати побрзо во споредба со други географски области на земјата. Глечери со димензии колку територијата на Велика Британија се топат од 2001 година. Затоплувањето на арктичките води ќе доведе до топење бна ледници во Северна Русија, каде се претпоставува дека има големи наоѓалишта на метан. Неодамна Русија ја најави  и својата намера да изготви економски проект за развојот на Сибир. Постои дебата за тоа колку време ќе биде потребно за да се извлече целата количина метан, и како тоа ќе влијае на изворите на енергија и на светската економија. Но според некои научници веќе има докази за постоењето на големи истекување на метан. Други, пак, се плашат дека тоа може да сго забрза глобалното затоплување и да предизвика и други промени како топењето на глечерите на Гренланд, на пример. Во зависност од тоа колку метан истекува, научниците пресметале дека максималните трошоци за светската економија може да достигне 60 трилиони долари. Петар Водхамс, професор по физика на Универзитетот во Кембриџ, верува дека глечерите во Северниот Океан може да се стопат целосно уште во текот на летото на 2015 година. „Ова не е важно само за белите мечки. Тоа е од значење за целото општество и светската економија ", вели и Гејл Витман, професор од Универзитетот Еразмо и додава дека светските лидери треба час поскоро да обрнат внимание на последиците кои може да бидат „темпирана бомба" за економијата.
Слично

Поврзани вести