Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топ листа на земји со најдобра репутација во светот

Топ листа на земји со најдобра репутација во светот

Иако финансиската стабилност и географската големина секогаш влијаат во градењето на репутацијата на една земја, оваа година критериумите се променети, а во нив од големо значење се придава на пејсажите, пријателски настроеното население, како и нивото на етички вредности во земјата.

Институтот за репутација од 2008 година составува годишна листа на земји со најдобри резултати, а годинава потврдува просечен пад во однос на дополнителните критериуми.

За потребите на годишната листа биле вклучени одговори на повеќе од 58. 000 испитаници од Канада, Франција, Германија, Италија, Русија, Велика Британија и САД.

Според тврдењето на Форбс, земја во која луѓето се чувствуваат најсреќни е Шведска, која годината се искачи две места погоре и е на самиот врв на топ листата. Оваа скандинавска земја беше на прво место и во 2016 година, а покрај одличните животни стандарди, нејзината репутација се подобри и со формирањето на Агенција за зачувување на животната средина, па денес речиси 99 отсто од отпадот се рециклира и 52 отсто од енергијата се добива од обновливи извори. На светско ниво, Шведска има помалку од 0.2 отсто емисија на гасови, кои во најголема мера придонесуваат за ефектот на стаклена градина.

Оваа земја е и синоним за гостопримство и дава голема поддршка за ЛГБТ заедницата.

На второ место на листата е Финска, потоа следат Швајцарија и Норвешка. Од друга страна, земји со најниска репутација се Нигерија, Иран и Ирак. 


Слично

Поврзани вести